вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Километарски колони од Стража кон Гостивар: Полиција нема, граѓаните кои возат не се безбедни поради несовесните возачи

Километарски колони од Стража кон Гостивар: Полиција нема, граѓаните кои возат не се безбедни поради несовесните возачи

Со часови се чека од Стража кон Гостивар. Километарски колони со автомобили вечерва го запреа сообраќајот на патот кој од Охрид води кон Скопје.

Од каменоломите речиси е невозможно да се движите со автомобилот, огромен број на граѓани се буквално заглавени на патот.

Полиција нема никаде. Во овој дел од патот, возењето е ризично бидејќи несовесни возачи често претркуваат во лентата која вози во спротивен правец.

Граѓаните не се безбедни, а оние кои ги доведуваат во опасност нема кој да ги санкционира. Полициска контрола на вакви патишта мора да има.