понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Кичевчани во паника: Се сомневаат дека се крие вистинската бројка на заразени со Ковид-19

Кичевчани во паника: Се сомневаат дека се крие вистинската бројка на заразени со Ковид-19

Како што од ден на ден се зголемува бројот на новозаразени лица со Ковид-19 во државава, така расте стравот кај населението. Кичево беше еден од градовите кој што на 12 –ти мај министерството за здравство го вброи на листата на региони во кој што повеќе нема активни случаи, а претходно имало 3-ца заболени.

Од тогаш изминаа повеќе од две недели, а во статистиката и секојдневите билтени на Институтот за јавно здравје меѓу градовите со новозаболени регистрирани лица, Кичево го нема. Но, во градот владее паника, во чаршијата се зборува дека заразата се проширила кај голем број кичевчани.

Зошто не го спомнувате Кичево кога има позитивни и тоа повеќе? Што се случува со Кичево има позитивни, и вчера и денеска, а не ги спомнувате?, пишуваат кичевчани на социјалните мрежи.

До телевизија Алфа со допис се обратија група кичевчани кои тврдат дека во компанијата за автомобилски сигурносни производи, Џонсон Сејфти Системс има големо жариште на коронавирус, и оти се молчи, за да не се затвори фабриката.

Алфа за ова побара информација од менаџерскиот тим на компанијата.

Во нашата компанија ковид 19 е регистриран кај само едно лице, но нема простор за паника. Од самиот почеток се почитуваат препорачните мерки за заштита од коронавирусот, а повеќе пати во денот се прават контроли дали работниците ги почитуваат мерките и применуваат заштитна опрема. Повеќе заради претпазливост во домашна изолација се одреден број вработени, точна бројка не знам. Фабриката засега работи нормално, согласно распоредот и без прекин – велат од фабриката.

Од Центарот на јавно здравје Битола информираат дека заклучно со завчерашниот ден во подрачната единица во Кичево земени се вкупно 111 брисеви.

Позитивни резултати за Ковид -19 се добиени кај 3 лица, од кои 2 се оздравени,а кај 1 лице болеста се уште е во тек и тоа се наоѓа во домашно лекување. Во моментов вкупно 24 лица се водат под здравствен надзор во домашна изолација во траење од 14 дена – велат од Центарот за јавно здравје Битола.

Според последните податоци на МВР, до овој момент во излоација се 20 лица од Кичево, а во самоизолација едно лице.

ИЗВОР: ТВ АЛФА

Парламентарни избори 2020