сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Кичеец влезе во затворот во Струга

Кичеец влезе во затворот во Струга

Зоран Милески -Кичеец денеска влезе во Казнено поправниот дом (КПД) Струга за отслужување на правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“.

Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ во изјава за МИА потврди дека Зоран Милески е примен во струшкиот затвор пред околу час и половина и оти сам се пријавил во извршување на затворската казна.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година го призна делото за случајот „Рекет“- примање награда за противзаконито влијание.

Коронавирус