среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Кичеец на слобода, има ли правда во Македонија?

Кичеец на слобода, има ли правда во Македонија?

Двојните аршини на правосудните органи во Македонија излегуваат на површина. Имено, додека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска експресно беше притворена за издржување на казната затвор од 4 година во случајот Тенк, Зоран Милевски Кичеец за случајот Рекет се уште е на слобода и покрај тоа што требаше да се јави во КПУ Шутка за издржување на казната на 12 октомври до полноќ.

Околу притворање на Јанкуловска се крена голема фама, а Министерството за внатрешни работи отиде до тој степен да врши патрола пред зградата во која живее со образложение да се спречи можно бегство. Но, за сега нема информации дали истото се случува и пред живеалиштето на Милевски Кичеец.

Нема никаква истрага ниту за снимката и фотографиите од Јанкуловска кои излегоа во јавноста, но кои се гледа како Јанкуловска е со лисици на рацете во судот, но и во дворот на затворот КПД Идризово. Јавноста реагираше дека овие фотографии се на правени се со цел да се деградира како личност, а власта да ги задоволи барањата на разочараните од власта кои наместо правда спроведуваат неправда.

Од друга страна пак нема ни трага ни глас за спроведување на казната на Милевски Кичеец, што го потврдува селективното спроведување на законите во земјата. Информациите кои излегоа во медиумите велат дека уште на 21 септември Кичеец добил упатен акт во кој се наведува дека до 12 октомври треба да се јави во затворот за издржување на затворската казна за кој е обвинет. Но, и покрај тоа што рокот беше до вчера до полноќ, директорот Есад Рахиќ изјави дека Кичеец не се појавил.
Милевски за ТВ 24, рече дека ќе се јави на одржување на затворската казна, како и дека не поднел барање за одлагање на истата.
– Ќе се јавам на издржување на казната, барање за одлагање не сум поднел, вели Кичеец.

Но, по се изгледа дека Милевски Кичеец се предомислил, па денес излезе информацијата дека поднел барање за одложување на казната до судијата за извршување на санкции. А од Кривичен суд брифираат дека судијата Пајазит Пајазати почнал со разгледување на неговото барање и засега нема детали врз основ на што осудениот во случајот Рекет се повика за да го помести издржувањето на казната. Имено, Кичеец е осуден на 3 години затвор, но бидејќи дел од казната го отслужи во притворското одделение во Шутка му преостануваат нешто помалку од една ипол година.

Ова не е прв ваков случај, правосудните органи да спроведуваат селективна правда. Јавноста претходно беше сведок на низа чудни судски пресуди како на бившиот градоначалник на Ново Село од СДСМ Боро Стојчев кој беше фатен за шверц на цигари и доби условна казна, како и случајот со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш за кои имаше обвинение дека во својот кабинет претепал свој сограѓанин, но наместо казна доби само судска опомена, како и ред други скандали и афери.

Коронавирус