вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 28
home Вести

Кедев: Никогаш порано не било вака партизирано здравството

Кедев: Никогаш порано не било вака партизирано здравството

Д-р Сашко Кедев во гостување во Алфа ТВ во емисијата Што не е јасно, рече дека граѓаните не треба да бидат обвинувани за ова што ни се случува со епидемијата на корона вирус.

-Треба да се гледа неконзистентноста и конфузијата во здравствениот систем. Тоа е нашата реалност. Не може да очекуваме од граѓаните кои ја изгубија довербата во системот да бидат примарно одговорни за ова што ни се случува. Граѓаните гледаат дека пред извесен период беше прогласена победа над вирусот па потоа беа сведоци на неконзистентност во одлуките, рече тој.

Д-р Кедев силно ја критикуваше актуелната власт.

-Имаме големи експерти во медицината но тие се маргинализирани. Борбата со пандемијата во Македонија се води со партиска стратегија. Никогаш не се имале ваква партизација во здравството. Врвни експерти и професори се маргинализирани. Во стратегијата не е важна ПР фитбегот, колку бил смиран министерот кој како портпарол ги чита прес-конференциите. Требаше да се тестира и да се изолираат кластерите, како во Словенија. Бевме сведоци на монтирање и демонтирање на шатори пред клиниката, а не слушнавме зошто починаа толку млади луѓе зошто нема излечени пациенти од респиратори. Треба да бараме одговорност од надлежните авторитети. Нешто модра да се промени во нашата стратегија. Мора да се помогне на најоптеретените институции кои на свој грб се носат со корона вирусот. Мора да се упати помош од други институции.” За жал на светско ниво границата на возраста на ризични пациенти се спушта и тоа е предмет на бројни анализи. Зачестена е појавата на мозочни удари на заболени од корона вирусот, објасни д-р- Кедев.

Сведоци сме во дебакл во економијата тоа го укажуваат стопанските комори и експертите. Сите да поставиме правилна проценка бидејќи сегашнава состојба ја имаме не треба коментар. Само влезете во здравствениот систем како пациент за кратко време ќе ја видите состојбата. Дефинитивно на Македонија и треба нова здравствена стратегија во кој ќе бидат вклучени експерти без разлика на партиска припадност. Ако се прави партиска проценка на есен може да претпоставите што не очекува. Конфузијата што ја гледаме сега ќе ја гледаме и на есен, можеби од поголеми размери. Дали се сеќавате на конфузијата кога изби пандемијата од економски аспект. На конфузните изјави дека ни се потребни 700-800 милиони 1-2 па 5 милијарди. Се земаа заеми и брзо ќе треба исплаќање, а презадолжена држава има влијание и врз здравството. Без економска стратегија ние не може да имаме здрава здравствена стратегија, истакна д-р Сашко Кедев.

Коронавирус