понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 148
home Вести

Казни за велосипедистите: 250 евра доколку дете помало од 10 години вози велосипед на сообраќајница

Казни за велосипедистите: 250 евра доколку дете помало од 10 години вози велосипед на сообраќајница

Возачот на велосипед кој се вклучува во сообраќајот во случаите должен да го турка возилото. На јавните патишта се ограничува брзината на движење, а возачот не смее да запре или паркира возило особено на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од пет метри од тие премини.

На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на велосипедист кој постапува спротивно на одредбата.

Возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека односно лента. Ако двајца или повеќе возачи на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед се движат во група се должни да се движат еден по друг. Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди и велосипеди со помошен мотор, мопед во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата. Возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.Возачот на велосипед со помошен мотор, мопед не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно од ова. Ова е дел од она што е предвидено во новиот Предлог – Закон за безбедност во сообраќајкот.

Законот вели дека  „возачот на велосипед, на велосипед со помошен мотор, на мопед, на мотоцикл,  трицикл, лесен четирицикл и на четирицикл не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот“ И зас ова казната за непочитување њ 50 евра.

Лица на велосипед може да се превезуваат само ако на возилото постојат посебни седишта. Деца до 14 годишна возраст не смеат на велосипед да превезуваат други лица. Во спротивно ќе има казна за родителот, а висината на глобата е 50 евра. Иста е и казната доколку возите велосипед заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.

Законот вели дека на магистрален и регионален пат не смее да се врши оспособување на лица за управување со велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл. На овие возила може да се превезува дете до седумгодишна возраст, ако на возилото е вградено посебно седиште пред возачот.

Законот е дециден – Велосипед на пат може да управува лице кое наполнило десет години возраст. Во истиот закон „Пат“ е дефиниран како сообраќаен објект на кој се врши сообраќај. Доколку деца до десет години вози велосипед на сообраќајница казната е 250 евра во денарска противвредност која ќе му се издаде на родителот односно старателот.

Еве дел од други законски одредби кои се превидени во новиот закон кој се уште е во предлог верзија:

Член 100

(1) Во сообраќај на патот велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл,  трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, смее да влече приколка со две тркала, под услов да биде така прицврстена да не се намалува стабилноста на возилото.

(2) Приколката од ставот (1) на овој член, не смее да биде поширока од 1 m, а на задната лева страна задолжително требада има катадиоптери, пропишани за приклучно возило.

(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно со одредбите на овој закон, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

Член 101

(1) На велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл како и во приколката што ја влечат овие возила, не смеат да се превезуваат предмети пошироки од еден метар

(2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно со одредбите на овој закон, ќе му се издаде а возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 102

(2) Возач на велосипед, на велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, на лесен четирицикл и на четирицикл, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.

(2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно со одредбите на овој закон, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 365

Полициски службеник ќе му забрани на лице да управува со велосипед на јавен пат, ако е очигледно дека лицето не е подготвено за тоа.