недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Казни за 352 возачи во Скопје

Казни за 352 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 352 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 8 санкции, 15 за нерегистрирани возила, 9 мерки за технички неисправни возила во јавен превоз, 39 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкционирани пешаци, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 39 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Коронавирус