петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

Казни за 173 возачи во Скопје

Казни за 173 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопјеизречени се вкупно 173 мерки, меѓу коиза непочитување на брзина на движење 28,11 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за нерегистрирани возила.

Изречени се 20 санкции за користење на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло), четири санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 63 мерки за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштува МВР.

Коронавирус