сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Казнети вкупно 305 возачи на мотоцикли – од нив 201 не носеле заштитна кацига

Казнети вкупно 305 возачи на мотоцикли – од нив 201 не носеле заштитна кацига

Во текот на вчерашниот ден (11.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 305 возачи. Од нив, 201 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 64 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ЕУРО 2020

Македонија