Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 388 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола, 34 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за користење на мобилен телефон. За непрописно паркирање изречени се 59 мерки, а 55 мерки за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.