понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 129
home Вести

Казнети 272 возачи во Скопје

Казнети 272 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 9 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 89 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 8, 12 санкционирани мотоциклисти, 74 мерки за непрописно паркирање, 50 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска, информира МВР.

Коронавирус