среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Вести

Казнети 272 возачи во Скопје

Казнети 272 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 15 мерки за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска, информира МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коронавирус