среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 37
home Вести

Казнети 269 возачи во Скопје

Казнети 269 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина на движење, 14 за користење на мобилен телефон. Изречени се 17 санкции за возење под дејство на алкохол, 21 за некористење на сигурносен појас, шест за непрописно престројување на возила и 64 санкции за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.

ЕУРО 2020

Македонија