среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 125
home Вести

Казнети 253 возачи во Скопје

Казнети 253 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се осум санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), 24 мерки за некористење сигурносен појас, 36 мерки што ги чинат пешаците и 61 мерка за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија