понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

Казнети 188 возачи во Скопје

Казнети 188 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои 10 за возење без возачка дозвола, 20 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 71 мерка за непрописно паркирање.  Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, вели МВР.

 

Коронавирус