понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 6
home Вести

Казнети 152 возачи во Скопје: Возеле брзо, пијани и со неисправни возила

Казнети 152 возачи во Скопје: Возеле брзо, пијани и со неисправни возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користење на мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Локални избори 2021