понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 51
home Вести

Казнети 137 возачи во Скопје

Казнети 137 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 18 мерки за користење на мобилен телефон, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за непочитување на брзината на движење и 15 мерки за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Коронавирус