среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 123
home Вести

Казнет 341 возач во Скопје

Казнет 341 возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 341 меркa, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола, 31 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 за користење на мобилен телефон и 17 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 16 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Локални избори 2021