вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Казна од 300 евра за тие што ќе одбијат да се попишат, мал број граѓани ги “избркале“ попишувачите

Казна од 300 евра за тие што ќе одбијат да се попишат, мал број граѓани ги “избркале“ попишувачите

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека минорна е бројката на оние граѓани кои одбиле да се попишат.

-Бројката на оние кои одбиваат е многу мала, би рекол минорна. Не би можел да кажам конкретна бројка, но десетици, дали се и десет. И со тие што првично одбиваат по дополнителни разговори најчесто прифаќаат да се попишат. Ќе продолжиме да разговараме со сите граѓани кои ќе одбијат, иако имаме и право на одредени санкции. На крајот, оние што дефинитивно ќе одбијат да се попишат ќе бидат санкционирани. Станува збор за прекршочна казна од 300 евра, вели Симовски.

Коронавирус