петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ ГЕВГЕЛИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ ГЕВГЕЛИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Општествената одговорност во време на пандемија која е закана по општественото здравје е должност на секого, поединец или компанија. Истата може да се постигне преку одговорно однесување и потпомагање онаму каде што е потребно, секој во своите можности.

Таков пример е и Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија кое уште на самиот почеток излезе во пресрет на институциите и функционира како државен карантин.

Казино „Фламинго“ Гевгелија, дел од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија донираше 10 електронски болнички кревети во износ од 20.000,00 евра за потребите на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија.

„Како општествено одговорни компании, Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија целосно свесни за тешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени институции, длабоко почитувајќи ги натчовечките напори на докторите и медицинскиот персонал во беспоштедната борба со вирусот COVID 19, и покрај тешките моменти за нашите компании, денеска во Гевгелија ја започнуваме големата акција за донирање на болнички кревети и средства за дезинфекција во повеќе здравствени капацитети во Република Северна Македонија“, истакна Александар Савиќ, менаџер на казиното „Фламинго“ хотел Гевгелија.

Д-р Димитар Крџев, директор на ЈЗУ Општа Болница – Гевгелија, изрази благодарност што оваа донација доаѓа во едно специфично време кога пандемијата на коронавирусот ги исцрпува како кадрите така и медицинските потенцијали на болницата. Новите современо опремени кревети ќе бидат распоредени во сите одделенија на болницата со што ќе се подобрат условите за болнички третман и згрижување на пациентите во Општата болница.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој беше присутен за време на донацијата, ја истакна високата општествена одговорност на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија и посебно на Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија.

Со почит,

КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ ГЕВГЕЛИЈА
ГРУПАЦИЈА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА

Коронавирус