сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кажете ја оваа молитва денеска и сè ќе ви биде простено- еве на кој светец треба да се помолите

Кажете ја оваа молитва денеска и сè ќе ви биде простено- еве на кој светец треба да се помолите

Роден е во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господ Исус.

Му беше ученик на Св. Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестајно му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се многубројни, неговите молитви прекрасни. Најпозната му е молитвата за Чесниот Пост: „Господи и Владико на мојот живот“. Кога сакаа насила да го земат за епсикоп, почна да се прави луд и да јури низ градот Едеса, влечејќи ја зад себе својата облека. Кога го видоа тоа луѓето го оставија на мир. Му беше современик и пријател на Св. Василиј Велики. Св. Ефрем Сирин е главно апостол на покајанието. Неговите списи и ден денес смекнуваат многубројни срца закоравени во грев, и ги враќаат кон Христа. Се упокои во длабока старост во 378 година.

Денеска кажете ја оваа молитва:

„Со потоците од твоите солзи ја израдува пустината и со голем труд ги умножи твоите таленти. Беше светител, сјаеше со чудата, Ефреме татко наш! Моли го Христос Бог да ни ги спаси душите.“

ЕУРО 2020

Македонија