сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кажа толку невистини, што сега никој не му верува: Граѓаните ги демантираат тврдењата на Филипче

Кажа толку невистини, што сега никој не му верува: Граѓаните ги демантираат тврдењата на Филипче

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 31.599 граѓани“.

Ова на својот Фејсбук профил го напиша министерот за здравство Венко Филипче, но според коментарите на граѓаните, веќе ретко кој му верува.

Откако трае пандемијата на коронавирус во Македонија, што е подолго од една година, Филипче и другите претставници на Владата даваа зборови и ветувања кои не се исполнија. Даваа лажни најави, доцнеа со набавката на вакцини, покажаа неспособност да се справат со коронавирусот.

Бројот на жртви и заразени е поразителен и тажен, па на Филипче кој велеше дека „Добро се справуваме со пандемијата“, веќе никој не му верува.

Голем број на граѓани тоа директно му го покажуваат и на социјалните мрежи. На објавите кои Филипче ги става на својот Фејсбук профил, граѓаните ги побиваат неговите тврдења дека процесот за вакцинирање се одвива непречено и со добар ред.

ЕУРО 2020

Македонија