понеделник, 28. ноември 2022. Вести денес: 185
home Вести

Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело

Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело

Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров е добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело, за МИА потврдија од македонската Федерација на планинарски спортови.

Минчоров е долгогодишен член и актуелен претседател на планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци. Тој ја добива престижната плакета за оваа година, со ликот на Даре Џамбаз, за долгогодишна активност и придонес за развивање на македонското планинарство.

Ваква одлука донело претседателството на македонската Федерација на планинарски спортови на онлајн седница.

По разгледување на пристигнатите предлози, било одлучено плакета да се додели и на Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов” од Битола, за долгогодишна активност, јубилеј од 60 години традиција и придонес за развивање на македонското планинарство.

-За врвно спортско остварување во планинарството за 2020 година, плакета се доделува и на Илина Арсова од ДПС „Трансверзалец”, од Скопје, а признание за млада надеж во планинарството на Меланија Јовановска од ПК „Ај Лав Хајкинг Груп Маседонија”, додаваат од Федерацијата. Доделувањето на плакети и признание ќе биде дополнително. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус