недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Кавадарец пијан возел Брза помош

Кавадарец пијан возел Брза помош

Возачот на болничко возило, кој во средата возел под дејство на алкохол во Кавадарци, е отстранет од работно место потврдија за МИА од Министерството за здравство.

МИА претходно објави дека казна заработил возач на болничко возило во Кавадарци, поради управување под дејство на алкохол, потврдија од полицијата. Казната на лицето кое управувало возило на ЈЗУ Општа болница Кавадарци му била изречена вчера, бидејќи управувало службено возило под дејство на алкохол.