вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 127
home Вести

Кавадарчани со јасна порака: Бојкот за вчерашната прослава, масовност на денешниот протестен марш

Кавадарчани со јасна порака: Бојкот за вчерашната прослава, масовност на денешниот протестен марш

Кавадарчани денес и вчера испратија многу јасна порака.

Додека и во нивниот град синоќа беше организирана прослава од страна на македонската влада за промената на иметограѓаните со бојкот го покажаа својот револт.

Залудна беше и бината и изведувачите, а особено потрошените пари, кога кавадарчани одлучија да останат дома. На настанот присуствуваа едвај 70 граѓани.

Улиците во Кавадарци се наполнија денес, кога ВМРО-ДПМНЕ одржа протестен марш испраќајќи порака дека Македонија ќе победи.

Денес околу 4000 кавадарчани излегоа од вдомови да дадат поддршка за настанот на кој свое обраќање имаше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Најнови вести