понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 73
home Вести

Катругалос: Топката е на теренот на соседите за ерга омнес и уставна ревизија

Катругалос: Топката е на теренот на соседите за ерга омнес и уставна ревизија

Двете прашања што се останати за решавање се ерга омнес и ревизија на Уставот, и тие се од суштинско значење за Грција, а другата страна треба да направи отстапки, вели алтернатвниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио ФМ“, пренесе АНА-МПА.

– Станува збор за прашања што не се мали, за кои Скопје, за сега инсистира. Топката е на нивниот терен, вели Катругалос, додавајќи дека овие две прашања за Грција се од суштинско значење и предуслов за да постои решение и порачува дека „другата страна треба да ја направи неопходната отстапка“.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш го повтори неговиот став дека ерга омнес е потребно за да не се остават „опашки“ во иднина.

– Сакаме ерга омнес за да не постојат опашки што може да создадат идни перспективи на иредентизам и сакаме ревизија на Уставот за решението да е трајно, па според тоа и двете прашања се неопходни, објасни Катругалос во интервјуто за грчкото радио.

МИА