вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 75
home Вести

Катругалос: Од другата страна зависи дали ќе има решение за името

Катругалос: Од другата страна зависи дали ќе има решение за името

Прозорецот на можност е отворен, но топката е на страната на соседната земја, ако излезе во пресрет ќе има договор, смета алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, кој во интервју за грчката телевизија Скај, уште еднаш ги повтори позициите на официјална Атина.

– Сакаме комплетно решение за да не се создаде одново проблем во следната деценија и сакаме решение што ќе има карактеристика на трајност и затоа е потребна промена на Уставот. Доколку другата страна се одзве на ова, ќе имаме договор, ако не, нема да имаме. Топката,  јасно дека е на нејзина страна, рече Катругалос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, коментира дека не станува збор за лесни преговорите, тоа е нешто што го знаеле уште од почеток, а изрази надеж дека на крај ќе се постигне договор.

– Постои напредок, не постои слика дека стигнуваме до ѕид и дека за она што го предлагаме не се разговара. Постојат разговори, во доста точки остануваат на почетните позиции, во други точки се поместуваат. Се надеваме дека на крај ќе можеме да имаме една взаемно корисен договор, рече Катругалос. (МИА)

Коронавирус