недела, 24. септември 2023. Вести денес: 10
home Вести

„Катимерини“: МИА по интервенција на Ципрас промени изјава на Зоран Заев

„Катимерини“: МИА по интервенција на Ципрас промени изјава на Зоран Заев

Грчкиот весник „Екатимерини“ тврди дека на барање на владата во Атина македонската државна новинска информативна агенција ги сменила изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во кусото интервју за МИА во Вашингтон, пренесува порталот Експрес.

Интервјуто е направено по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс, но неговата прва верзија објавена од агенцијата била променета откако интервенирала грчката влада, која практично направила цензура во македонски национален државен медиум.

Првата изјава на Заев:

Во оригиналното интервју за МИА во Вашингтон, Заев изјавил: „Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“. МИА веднаш го пренесе интервјуто, но подоцна комплетно ги промени изјавите на Заев.

Повеќе на Експрес.мк