вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Катица Јанева во вторник на распит кај Рускоска за „Рекет“

Катица Јанева во вторник на распит кај Рускоска за „Рекет“

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ кај обвинителката Вилма Русковска за преметот „Рекет“, соопшти нејзината адвокатка Ирена Фрчковска во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени.

Ова ќе биде прв исказ на Јанева како осомничена, бидејќи првиот пат даваше исказ во својство на сведок.

Нејзината адвокатка рече дека таа е во лоша здравствена состојба, дека има прболем со хронични болести и дека не се чувствува добро поради ситуацијата во која е.