вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 126
home Вести

Катица Јанева утре треба да се појави во Обвинителството за да даде исказ

Катица Јанева утре треба да се појави во Обвинителството за да даде исказ

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева чиј глас се слушна на снимките на италијанскиот медиум „Ла Верита” за случајот „Рекет”, утре треба да се појави во обвинителството во улога на сведок за да даде исказ пред обвинителката  Вилма Русков.

Јанева  во видеата на италијанскиот „Ла Верита“  му вели на Орце Камчев „се ќе биде добро” за што се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.

До сега за случајот кој ја тресе  македонската јавност и политичка сцена сведочеа обвинителките Лиле Стефанова која исто така беше спомната во снимките од страна на Орце Камчев, и обвинителите  Елизабета Јосифовска и  Бурим Рустеми, меѓу кои и шефицата на кабинетот на Јанева.