вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Вести

Катица Јанева не пријавила во ОЈО дека е злоупотребено нејзиното име

Катица Јанева не пријавила во ОЈО дека е злоупотребено нејзиното име

Специјалната обвинителка Катица Јанева не пријавила во ОЈО дека некој го злоупотребува нејзиното име како што тврдеше на прес конференцијата, потврдија за Алфа извори од истрагата, објави тв Алфа.

-До овој момент специјалната обвинителка се нема јавено како пријавител, ни рекоа од ОЈО.
Катица Јанева на прес конференцијата, меѓу другото рече дека не само лицето Бојан Јовановски туку и многу други го злоупотребувале нејзиното име и презиме за различни цели.