петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Катица Јанева му дала наредба на СЈО за три дена сите случаи да ги префрли во Јавното обвинителство

Катица Јанева му дала наредба на СЈО за три дена сите случаи да ги префрли во Јавното обвинителство

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во притвор во истражниот затвор во Шутка испратила писмо-Наредба до Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да му ги предаде на Јавното обвинителство, дознава Пресинг ТВ.

Според нашите сознанија писмото вчера било добиено во СЈО и веднаш било ставено на разгледување на колегиумот. Во наредбата Јанева бара сите случаи кои се во истражна или во предистражна постапка да му бидат предадени во надлежност на државното обвинителство во рок од три дена. Тоа значи целокупната документација, како и доказите, да се префрлат во ЈО, односно кај Љубомир Јовевски и практично СЈО да го заврши својот мандат.

Рокот на СЈО му истекува на 15 септември и неговата судбина треба да се одреди со нов закон за кој власта и опозцијата подолго време не можат да најдат компромис.

Од СЈО денес за Пресинг ТВ ниту ни ја демнатираа, ниту ја потврдија информацијата. Од таму ни рекоа дека за нашите информаци дополнително ќе се изјаснат.

Пресинг ТВ дознава дека колегиумот во СЈО се одржал вчера и внимателно ја разгледал Наредбата на Јанева. Дел од нив, неофицијално ја одбиле, но дел сметале дека дефинитивна одлука треба да се донесе денес или утре.

Кои се мотивите на Јанева да го напише ова писмо не се знаат, иако е можно зад него да стојат политички игри, интриги и интереси на одредени политичко-судско-обвинителски кругови. Во секој случај станува збор за голем пресврт, особено кај Јанева која претходно не сакаше да слушне вакво нешто, а всушност ВМРО-ДПМНЕ нешто слично предлага во новиот закон за ЈО.

Од друга страна не се знае и преку кои канали стигнало писмото од Јанева до СЈО, кога се знае дека таа не може слободно да комуницира додека е во притвор. Ова, пак, може да води кон спекулацијата дека некому му било многу важно Наредбата од Јанева да стаса до СЈО и тоа во моменти кога е период на клучни разговори за новиот закон за ЈО.

Коронавирус