недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Рускоска: Катица Јанева го форматирала телефонот што беше ,,изгубен”

Рускоска: Катица Јанева го форматирала телефонот што беше ,,изгубен”

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за „Канал 5“ потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева.

Рускоска за Канал 5 вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud. Инаку за овој телефон, синот на обвинителката Јанева тврдел дека е изгубен во Белград, но потоа тој беше пронајден во Македонија, кај неговата девојка.

Обвинителството засега не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.