четврток, 23. март 2023. Вести денес: 74
home Вести

Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов „Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи“, објавен на Курир

Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов „Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи“, објавен на Курир

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев,  испрати писма до одговорните лица на порталот „Курир“ (www.kurir.mk), со барање да биде објавен демант со кој категоричнo се негираат изнесените лажни информации во текстот со наслов „Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи“, и до одговорните лица на порталот „Република“ (www.republika.mk) за текстот “Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена“, исто така целосно исполнет со лаги.

Во демантот на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев се истакнува дека, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, објавен во Службен весник на РМ, бр. 143 од 14.11.2012 година, и врз основа на Член 6 од истиот Закон кој ја утврдува одговорноста за клевета, се бара повлeкување на текстовите објавени на порталите, на 19.10.2018 во 17:21 часот, на следниот линк: https://kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-pravi-zestok-pritisok-vrz-pratenicite-i-gi-ucenuva-so-site-mozni-raboti/,и на текстот „Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена“, објавен на 19.10.2018 година, во 18:19 часот, на следниот линк https://republika.mk/972019.

Во реакцијата од Кабинетот на Претседателот на Владата Зоран Заев, е наведено дека овие текстови се лаги и клевети кои со ниту еден аргумент не ги потврдуваат наведените тврдења, и така како што се напишани имаат единствено за цел да шират клевети, навреди и невистини за премиерот Заев.

„Текстовите во порталите се исполнети со невистини и како такви создаваат лажна слика и наведуваат на апсолутно неточни заклучоци со кои се нанесува свесна штета на угледот на Претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев.“

Барањето е овој демант да биде објавен во двата медиуми одделно, како и да биде објавено извинување и целосно повлекување на споменатиот текст, согласно Член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, се нагласува во реакцијата и барањето за демант од Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

-Дополнително како текстови на демантот барам да биде објавено ова мое барање во целост, без ниту една уредничка интервенција со насловите: „Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов ‘Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи’“, објавен на вашиот портал“, за порталот „Курир“, и „Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов ‘Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена’, објавен на вашиот портал“, за порталот „Република“, пишува во барањето за демант на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, стои во демантот испратен од Владата на Република Македонија.

Редакцијата на Курир се извинува за пласираните информации во спорниот текст со кои се нарушува угледот на премиерот Зоран Заев.

loading...