сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Катастрофално ниско ниво на капитални инвестиции: Владата упорно не дава пари за болници, градинки и училишта

Катастрофално ниско ниво на капитални инвестиции: Владата упорно не дава пари за болници, градинки и училишта

Владата, според проекциите на буџетот за наредната година кој е во собраниска расправа планира за капитални инвестиции да потроши 383 милиони евра или 15 милиони евра повеќе од она што го предвиде за годинава со ребалансот на буџетот.

Но реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците за реализирање на капиталните инвестиции до крајот на октомври годинава се дека се реализирани 40, 8 отсто или 150 милиони од планираните 368 милиони евра.

Во споредба со планираните средства за капитални инвестиции со буџетот на државата пред да биде донесен ребалансот искористеноста на парите наменети за болници, градинки и училишта изнесува мизерни 35,7%.

Коронавирус