понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 64
home Вести

Катастрофалните економски мерки на владата на Заев ја носат економијата пред колапс

Катастрофалните економски мерки на владата на Заев ја носат економијата пред колапс

Економијата е пред колапс, тоа го покажуваат сите економски индикатори, велат економистите .

Така според последните податоци од Заводот за статистика, БДП за вториот квартал изнесува катастрофални -12,7 %. Дополнително, според последниот извештај на Министерството за финансии за извршување на буџет заклучно со август капиталните трошоци изнесуваат 39,62 % што е енормно слаба реализација.

Инаку, премиерот Заев ги промовираше 4 пакет економски мерки за кој експертската јавност даде огромни критики меѓу кои и опозицијата ВМРО – ДПМНЕ. Според експертската јавност првите три пакет мерки не го дале својот ефект и затоа владата сега креира и 4 пакет кој според нив не е сеопфатен и е популистички.

Исто така според податоците има и пад на индустријата и инвестициите во земјава додека Светска банка во својот последен извештај прогнозира пад на македонската економија огромни 4,4 %. Светска банка прогнозира и енормно зголемување на сиромаштијата што ќе се почувствува во следниот квартал.

Со критики за мерките излезе и членот на извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Гордана Димитриеска – Кочоска која истакна дека 4 пакет на мерки е популистички и дека владата воопшто нема кратење на непродуктивните расходи.

– Јас би го поставила прашањето како ние дојдовме до четвртиот пакет на мерки и зошто токму ни требаше 4 пакети на мерки. Секоја една држава во регионот и во светот се труди паралелно со давање на мерки на стопанството и на населението да реализира што е можно повеќе капитални инвестиции. Ние во моментот од таму кратиме и на терет на тоа реализираме други расходи. Речиси да нема промени во оние договорни услуги што значи ние не кратиме од непродуктивните расходи се оди на терет на оние капитални расходи што изнесуваат 39 5 реализација или само 126 милиони, посочи Кочоска.

Мерките исто така ги критикуваше и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој кажа дека 4 пакет на мерки е задоцнет, несоодветен и само ќе ја продлабочи економската криза.

Кога веќе се прави четврт пакет на мерки треба да се види искуството од претходните три. А, тоа е поразително и се вика нови дополнителни најмалку 40 илјади невработени за 5 месеци и минус речиси 13% намалување на бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Токму затоа и овој пакет на мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“ кажа Мицкоски.

Македонија исто така бележи пад на Македонија со пад од 5 места на ранг листата за водење на бизнис во извештајот на Европската комора.

Годинава на листата од 46 европски земји, Македонија се наоѓа близу кон дното, на 36 место.

Македонија со најзабележителен пад на климата за водење бизнис од земјите во Европа – 5 места подолу на ранг листата во споредба со 2019та година, на 36то место од ранг листата на 46 земји.

Коронавирус