четврток, 6. август 2020. Вести денес: 172
home Вести

Катастрофалната прогноза на Филипче: Најави дека со коронавирус ќе бидат заразени најмногу 2000 граѓани, а денес црната бројка е над 7000

Катастрофалната прогноза на Филипче: Најави дека со коронавирус ќе бидат заразени најмногу 2000 граѓани, а денес црната бројка е над 7000

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.
Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3394, активни 2007, Куманово 797, активни 244, Дебар 109, активни 57, Штип 374, активни 161, Прилеп 282, активни 56, Тетово 766, активни 392, Струга 265, активни 167, Велес 196, активни 43, Битола 61, активни 22, Охрид 204, активни 175, Кавадарци 21, активни 15.

Гостивар 156, активни 93,  Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 17, активни 9, Крива Паланка 16, активни 10, Радовиш 4, активни 0, Крушево 7, активни 3, Кочани 74, активни 21, Пробиштип 26, активни 17, Демир Хисар 2, активни 1, Македонски Брод 6, активни 4.

Пехчево 6, активни 3, Берово 3, активни 0, Валандово 6, активни 2, Виница 3, активни 0, Делчево 1, активни 0, Кратово 5, активни 2, Свети Николе 42, активни 37, Кичево 48, активни 39, Ресен 122, активни 89, Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

На почетокот на пандемијата, министерот за здравство најави дека пикот на коронавирусот же биде во април и дека тој прогнозира 2000 заразени. Бројот на заразени од коронавирус во Македонија достигна над 7.000 граѓани, а и бројот на жртви е преголем.

Коронавирус