сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 78
home Вести

КАТАСТРОФА: Македонија меѓу првите осум земји во светот по одлив на младите, објави „Економист“

Поради тоа што над 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените странски земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека оваа тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државава по завршувањето на студиите.
КАТАСТРОФА: Македонија меѓу првите осум земји во светот по одлив на младите, објави „Економист“

Поразителна е статистиката која вечерва ја објави еминентниот економски магазин „Економист“, според која нашата земја се наоѓа на осмото место во светот според иселувањето на младите луѓе од државата.

Амбасадорката на САД, Брнз: Ме загрижува недостатокот на можности поради кои младите ја напуштаат земјата

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз вчера во своето гостување на телевизија Сител изрази загриженост заради недостатокот на можности поради која младите ја напуштаат земјата.

– Она што ме загрижува во врска со младите е негативноста со која се опкружени и не само негативни гласови и притисоци туку вистински пречки како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на визијата која што ја имаат за себе кажа Брнз.

Амбасадорката на САД истакна дека најмногу ја загрижува негативноста која што ги опкружува младите луѓе како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на својата визија и цели.

Дополнително Брнз појасни дека една од целите на амбасадата на САД во Македонија е да им помогне на младите да се слушне нивниот глас и да ги охрабри. Исто така истакна дека младите треба да се дел од политичкиот процес и од процесот на донесување на одлуки односно дека нивните идеи за иднината треба да се земат во предвид.

Брнз дополни дека би било многу позитивно за државата доколку голем дел од младите се задржат во Македонија и ја гледаат својата иднина тука.

Македонија трета во светот според невработеноста на младите

Поради тоа што над 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените странски земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека оваа тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државава по завршувањето на студиите.

На поселдната ранг листа Македонија се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години.

Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отсто се пред Македонија во поразителната статистика која ја објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

До десетото место следат Намибија, Свазиленд, Газа, Либија, Грција, Јордан и Боцвана, кои котираат подобро од Македонија на листата на „Економист“.

Од земјите од регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно е 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто. Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска 34-та со 25,5 отсто.

Пендаровски: Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава

Неодамна на оваа проблематика говореше и Претседателот на државата Стево Пендаровски . Тој пред неколку месеци на Регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад изјави дека би се иселил од својата земја доколку не е претседател. Никој не е луд да го троши животот додека преговорите со ЕУ траат со години, а просечната плата во земјата е 400 евра, рече Пендаровски.

Коронавирус