петок, 4. декември 2020. Вести денес: 30
home Вести

Катастар вработи Македонци како Албанци

Катастар вработи Македонци како Албанци

Нови вработување на други заедници во име на Албанците. Овој пат во Катастар, објави Алсат.

По објавувањето на имињата на конкурсот објавен за вработување на 23 административци во Агенцијата за катастар на недвижности, реагираше Движењето Беса. Според нив, ова е неспособност на ДУИ, наместо да се изберат кандидати Албанци, како што предвидува конкурсот, избрани се кандидати Македонци. Од оваа партија бараат поништување на конкурсот.

„Она што е уште поскандалозно, кандидатите за единиците во Тетово, Гостивар, Кичево и за државни финансиски советници кои им припаѓаат на Албанците, не се избрани. Ова уште еднаш ја докажува неспособноста на ДУИ и нивната вазална улога наспроти СДСМ и го аргументира барањето на Движењето БЕСА за внесување на етничка графа во документите за идентификација.“-велат од Движење Беса.

Злоупотребата на етничката припадност стана практика за заземање на работбни места на штета на Албанците стана практика. Според Алијанса за Албанците, со неодамнешното вработување во Агенцијата за Катастар, оваа практика нема намера да престане, затоа што самите институции забораваат на своите одговорности. Доставија серија документи за вакви случаи барајќи одговорност од надлежните органи.

„ДУИ како дел од владата продолжува да ја игра улогата на марионета/кукла во Владата, која не виде соодветно барем еднаш да го крене својот глас за овој феномен, колку срамен, толку и скандалозен. Но, на двете страни им годи ситуацијата во која ги ставаат граѓаните за политичка корист. Ние како политички субјект бараме одговорност од сите тела што молчат за овие повреди“-изјавиа од Алијанса за Албанците.

Според конкурсот од 12 декември 2019 година, како Албанци се вработени Гордана Савиќ, помошник раководител на сектор за измени, Ева Ивановска, млад соработник за измени, Ратко Аврамовски млад соработник за дигитализација, Ирена Јовановска, референт на шалтер, Катерина Филиповска референт на ГИС систем, Љупчо Чутревски, референт на шалтер и Симона Марковска, референт за измени.

ИЗВОР: АЛСАТМ

Коронавирус