сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Касами: Во албанскиот блок, сите, освен ДУИ

Касами: Во албанскиот блок, сите, освен ДУИ

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, оди чекор понатаму по поканата на Зијадин Села, за соработка меѓу Алијанса за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива. Касами во емисијата 360 степени на Алсат, повика на сеопозициска соработка, поканувајќи ги сите политички партии, невладини организации и интелектуалци. Поканата на Касами не важи само за ДУИ.

„Ако упатиме покани за коалиции или покани за можни предизборни коалиции во телевизиските студија, тогаш дозволете ми и мене од вашето студио да упатам покана за сеалбанска соработка, на сите политички партии регистрирани кај Албанците, ДПА, Алијанса, Алтернатива, НДП, Унитети, сите интелектуалци, дијаспората, активистите и целиот опозициски спектар да ја направиме оваа промена и да им понудиме на Албанците од Македонија опција што ДУИ ќе ја однесе во опозиција и кај Албанците ќе дојде промената што достојно ќе ги претставува во државните институции “, вели Касами.

Коронавирус