петок, 18. септември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Касами, Гаши, Тачи и Села не се појавија на средбата, Ахмети разочаран

Касами, Гаши, Тачи и Села не се појавија на средбата, Ахмети разочаран

Ахмети е разочаран што претседателите на албанските парламентарни политички партии, Зијадин Села, Африм Гаши, Билал Касами и Мендух Тачи го извисија на денешната средба.

Ги покани сите лидери на албанските политички партии, но никој од нив не дојде на свиканата средба. По 20-минутното чекање, лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани на масата да седнат новинарите. 30-тина минути им зборуваше за целта на ваквата иницијатива, па откако им објасни на новинарите, истото го повтори и пред камера.

„Изразувам жалење и длабоко разочарување поради тоа што не дојдоа албанските политички парламентарни партии на толку важен и историски ден, 13 август, денот на Охридскиот договор“, истакна Али Ахмети.

Ахмети вели дека ги поканил лидерите за да им се заблагодари за унапредувањето на статусот на Албанците, а не за да ја добие нивната поддршка за идејата за премиер Албанец. Како што вели, веќе нема да свикува тркалезна маса, пренесе ТВ 21.

Коронавирус