вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 53
home Вести

Карго аеродромот во Штип е уште една дрска лага: Парите беа пренаменети за нешто кое не се направи, а сега владата со ново ветување

Карго аеродромот во Штип е уште една дрска лага: Парите беа пренаменети за нешто кое не се направи, а сега владата со ново ветување

Уште едно владино ветување на СДСМ и ДУИ пропадна во вода. Уште едни нереални изговори и нови лажни ветувања.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес конференција истакна дека нема да се реализира изградбата на карго аеродромот во Штип.

Тој посочи дека средствата ќе бидат пренасочени кон градинките, училиштата и други потреби во локалната самоуправа.

Но, пред две ипол години, претставник на истата оваа Влада наведе сосема друга намена за овие пари.

Средствата што турската компанија „ТАВ Македонија“ ги имаше предвидено за пропаднатиот проект за изградба на карго аеродром во близина на Штип ќе се пренаменат за јавни добра, во најголем дел за изградба на канализација, истакна во јануари 2018-та година Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Сугарески тогаш кажа дека неговото министерство веќе ги има распишано тендерите и дека станува збор за средства во износ од 45-46 милиони евра.

-Ќе ги вложат во јавни добра, кои се од јавен интерес на граѓаните на Република Македонија. Во најголем дел ќе бидат за канализација, за проекти кои што Министерството за транспорт и врски веќе ги има распишано тендерите. Тоа се средства во висина од 45-46 милиони евра и се за посебен интерес, изјави министерот Сугарески.

Како што карго аеродромот не го виде никој, така и канализациите ги нема. Каде е оваа огромна сума на пари, од граѓаните се крие.

Сега Бектеши, а пред две ипол години Сугарески, не собраа храброст да ја прифатат реалноста дека карго аеродромот во Штип нема да се изгради поради за нив познати причини. Но, се покажаа храбри да лицитираат со истите пари за различни намени.

Австриската компанија што стoпанисува со Виенскиот аеродром и германската компанија Фрапорт што стопансува со аеродромот во Франкфурт и десетина аеродроми во Европа и Турција пред дванаесет години се откажаа од трката за македонските аеродроми токму поради најавите да се гради аеродром во Штип. Аеродром Штип не доби, населбите не видоа нови канализации, а водејќи се од тоа како оваа Влада ги исполнува ветувањата, ниту граѓаните нема да видат нови градинки и училишта направени од овие пари.

Коронавирус