четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Вести

Каракамишева: За каква демократија побогу зборувате кога носите клучни закони без опозиција во Собранието?

Абе доста веќе со спинови и со лаги. Престанете да ги мафтате луѓето со ефтини финти за на Битпазар. Кажете им во лице дека сте ја наредиле во Уставниот суд да молчат како што молчеја за сите клучни прашања во земјата, и дека целата стратегија ви е да мафтате со "добриот" извештај што евентуално ќе стигне од Венецијанска комисија бидејќи мислите дека законот ви е над сите плафони за заштита на малцинските права.
Каракамишева: За каква демократија побогу зборувате кога носите клучни закони без опозиција во Собранието?

Дрски, арогантни, самобендисани, безобразни, невоспитани, некултурни, без елементарна почит кон домашната научна и стручна фела…ова се накратко основните квалификации што ги “красат” членовите на Владата на РМ, пишува професорката Тања Каракмишева.

Во продолжение го пренесуваме нејзиниот Фејсбук статус

И покрај аргументираното цунами што го направивме периодов во докажувањето на НЕУСТАВНОСТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ, со конкретни и научно издржани забелешки, Владава и натаму стои на ставот дека Законот е во согласност со Уставот и дека бил донесен во демократска атмосфера!?

Чекајте бре ајвани едни, или ништо не разбирате од право и Устав, а богами и од демократија, или навистина сте кинисале на пат без враќање!

Па кај се видело и чуло Влада како извршен орган да оценува уставност на закон!? Па вие бре тотално сте ги измешале сите лончиња.

Па нели тврдевте дека ги почитувате и дека се грижите за начелото на поделба на власта, нели за вас независноста на државните органи е над се!Како сега наеднаш вие станавте и креатор на законот, и негов доносител, и негов оценувач?

За каква демократија побогу зборувате кога носите клучни закони без опозиција во Собранието?

Знаете ли дека парламентарната демократија ви е комплетно во аут без опозицијата?

Или тезата за немање демократија без опозиција држи вода само кога сте вие во опозиција, и само тогаш треба да се испочитуваат пискотниците од сите страни како е можно да се носат закони без опозиција, ама кога сте на власт нормално истово не важи. Мизерни сте и очајни.

Ве читам ќе сте го дале законот за јазиците на мислење во Венецијанската комисија и демек сте биле расположени сите забелешки што од таму ќе стигнат да ги вградите во законот. Па нели е подобро пред да го донесете законот да го доставите на мислење? Зошто толку брзање и врева?

Таман ќе имате време да ја послушате повнимателно целата македонска експертска јавност што се занимава со уставно право што има конкретно да ви каже за неуставноста на законот. Таман ќе си имате време да ги тргнете неуставните решенија од текстот додека да стигне мислењето. Ќе имате време да си ставите не еден ами два прста на глава што правите и каде сте ја кинисале државата.

Кога веќе сте тргнале да го праќате законот на мислење во Венецијанска комисија, нели знаете дека членовите на оваа комисија ниту имаат мандат, ниту имаат надлежност да кажат дали некој закон е или не е во согласност со националниот Устав.

Абе доста веќе со спинови и со лаги. Престанете да ги мафтате луѓето со ефтини финти за на Битпазар. Кажете им во лице дека сте ја наредиле во Уставниот суд да молчат како што молчеја за сите клучни прашања во земјата, и дека целата стратегија ви е да мафтате со “добриот” извештај што евентуално ќе стигне од Венецијанска комисија бидејќи мислите дека законот ви е над сите плафони за заштита на малцинските права.

Знаете дека сте над сите европски стандарди за малцински права, бидејќи ова што го давате во законот веќе не се однесува на малцинствата и нивните права, туку се однесува на воведување нов државотворен народ кој е целосно еднаков и рамноправен со Македонскиот народ како државотворен народ.

Стандардите за малцинските права не можат да се применат во услови кога едно малцинство е издигнато над нивото на малцинство и кога со закон се стекнува со статус на народ, со државотворен статус. Тоа малцинство повеќе не е малцинство.

И малцинските стандарди на кои мислите дека се повикувате веќе ви се неприменливи во ваков случај. Ќе си налепите нов гнев од другите малцинства кои се вистински дискриминирани со законот, така што Комисијата во која се крстите најверојатно ќе ве критикува за неисполнување на стандардите за вистинските малцинства (Роми, Турци, Срби и др). Од што сакате да се правите многу паметни на крај ќе ви излезе целата глупост на виделина ама што да се прави.

Народов наш напатен цел живот пати од политичари што се возат во филм дека се главни мудреци!

А бар М да покажеја од мудроста!