понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Каракамишева: За 7 месеци владеење на расипнициве, Македонија се задолжи за 1,3 милијарди евра!

Каракамишева: За 7 месеци владеење на расипнициве, Македонија се задолжи за 1,3 милијарди евра!

(ФБ статус на Тања Каракамишева- Јовановска)

Колку е расипничка и антимакедонска Владата на Скијорот Црпко и неговата пајташка дружина зборуваат бројките на задолжување што ни ги оставаат во мираз неспособниве на нашите генерации, на генерациите на нашите деца, внуци, правнуци итн.

Ако опозицијата лаже како што се вадат, бројките не лажат:

1. На 27.06.2017 година Владата на Скијорот Црпко не задолжи 15 милиони евра.

2. 30-те дена од неговото владеење завршија со нови 60 милиони евра задолжување.

3. За три месеци владеење Скијоров не задолжи за нови 170 милиони евра плус 177 милиони евра стопени девизни резерви.

4. За 6 месеци власт Македонија е задолжена со над 600 милиони евра

5. Во првите две недели од 2018 година Скијоров од Италија со Министерот од Данска не задолжија сите нас за неверојатни 570 милиони евра или тоа вкупно до сега драги мои, за 7 месеци владеење на расипнициве се верувале или не 1.3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА…ПОВТОРУВАМ 1.3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!!!!!

Ваква власт не само што не ни треба, туку ПОД ИТНО МОРА ДА ОДГОВАРА ПРЕД ГРАЃАНСКИОТ СУД!

Кој и даде право да игра мајтап со нас на ваков дрзок, безобразен и расипнички начин?

Кој и даде право да не троши нас на ваков крвнички начин без да стави ниту едно камче во државата?

Коронавирус