петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Каракамишева: Владата вчера го прекрши Уставот, со предлогот за негова измена не ја почитува волјата на над 1,2 милиони граѓани

Каракамишева: Владата вчера го прекрши Уставот, со предлогот за негова измена не ја почитува волјата на над 1,2 милиони граѓани

Универзитетската професорка, Тања Каракамишева, излезе со реакција за вчерашната вонредна седница на Владата на Република Македонија каде донесе предлог за пристапување кон измена на Уставот за имплементација на Договорот со Грција, иако како што вели таа истиот е спротивен на Уставот и не е објавен во „Службен весник“.

Фејсбук статус на Тања Каракамишева:

Да ја прашам Владата како вчера донесе предлог за пристапување кон измена на Уставот за имплементација на Договорот од Преспа кога истиот е спротивен на Уставот и не е објавен во “Службен весник”?

Формално-правно овој Договор не може да влезе во правна сила се додека не биде објавен во “Службен весник” и додека истиот не се усогласи со Уставот на Република Македонија.

Чл. 51 од Уставот е дециден и вели “Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а СИТЕ ДРУГИ ПРОПИСИ, вклучително и билатералните и другите видови меѓународни договори, мора да бидат во согласност со Уставот и со законите.

Чл.52 од Уставот вели законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник пред да влезат во сила.

Ниту Договорот е во согласност со Уставот, а уште помалку е во согласност со Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори.
Во чл. 118 од Уставот стои дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот, што значи со закон објавен во Службен весник, СЕ ДЕЛ ОД ВНАТРЕШНИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК и истите не можат да се менуваат со закон.

Ова значи дека практично Владата го прекрши Уставот и врз основа на неуставен договор подготви предлог за пристапување кон промена на Уставот!

Овој предлог за пристапување кон измена на Уставот од формално-правна, но и од материјално-правна причина не смее да биде усвоен од пратениците, бидејќи истиот ги крши темелните вредности на уставниот поредок и неколку члена од Уставот.

Исто така, со предлогот за пристапување кон измена на Уставот не се почитува волјата на над еден милион и двестотини граѓани кои не го прифатија Договорот од Преспа како основа за менување на Уставот.

Волјата на граѓаните изразена на референдум согласно Уставот е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА ВЛАСТА!

Референдумот беше неуспешен, тоа го соопшти и ДИК, и со недонесена одлука на референдум власта не може да менува Устав за промена на име на држава!

Коронавирус