недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева: Ваучерите се предизборен поткуп на СДСМ и Заев, а Уставниот суд ја премолчи оваа скандалозна и дискриминирачка уредба со законска сила на владата

Каракамишева: Ваучерите се предизборен поткуп на СДСМ и Заев, а Уставниот суд ја премолчи оваа скандалозна и дискриминирачка уредба со законска сила на владата

За случајот со Уставниот суд кој одби или се повлече да расправа по еден многу сомнителен чекор на владата која донесе уредба со законска сила за ваучери, кој многумина го нарекоа класичен предизборен поткуп, универзитетската професорка Тања Каракамишева во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија рече дека тоа е една од многуте неправилности во изборната кампања.

-Има едно штуро соопштение закачено на нивната веб страна за таа уредба со законска сила за финансиска поддршка, дека Уставниот суд не повел постапка за оценка на уставноста на уредбата. Тоа е многу симптоматично од аспект што нема никакво образложение на соопштението. Немаме податоци што се случувало на седницата. Значи таа нетранспарентност што ја покажува Уставниот суд е неприфатлива. Таа одлука е многу скандалозна и дискриминирачка. На пример некои граѓани ќе добијат ваучери, а некои не. Зошто? По кој основ? Имаат таргет на луѓе мерени со политички кантар на Социјалдемократите. И тоа се целни групи што само нив ги интересираат, затоа што тие им се важни за гласање. Каде се во таа група луѓето кои се директно изложени и сеуште се изложени на ризикот од коронавирусот, на пример продавачите во маркетите, таксистите, транспортерите исто така, доставувачи на храна, новинари, каде се полицајците, армијата. Уставниот суд се затвори во една чаура и никој не одговара на овие прашања. Таа директна дискриминација што се направи со оваа уредба, практично фрли светлина и врз прашањето на предизборниот поткуп, децидна е Каракамишева.

Коронавирус