вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 180
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Каракамишева: Силни критики за Законот за јазици од Венецијанската комисија

Каракамишева: Силни критики за Законот за јазици од Венецијанската комисија

Откако денес, на пленарна сесија, Венецијанската комисија и официјално го усвои мислењето за Законот за јазиците јавноста треба да ги знае клучните забелешки што Комисијата ги напиша во врска со законот, и кои останаа непроменети и покрај притисоците на Владата истите да не бидат наведени во овој формат, анализира професорката Тања Каракамишева.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: 

1. Нотирана е силна критика поради скратената постапка во која законот беше донесен во Собранието. Во мислењето е наведено дека Комисијата за европски прашања во Собранието на Македонија и покрај предложените околу 80 амандмани од страна на опозицијата одлучи да дискутира по само неколку од нив. Во мислењето е нотирано и отсуството на инклузивна и неопходна јавна расправа за законот кој е од широк јавен интерес. Нотирано е дека гласањето на законот се одржа во отсуство на најголемата опозициска партија и без расправа по поднесените амандмани, што покрена силни реакции во јавноста.

2. Комисијата констатира дека законот за јазиците не може да се смета за „некомплексен или за „не-екстензивен“ со оглед на фактот дека регулира област која фактички се однесува на целото општество. Венецијанската комисија смета дека законот за јазиците влегува во категоријата на закони од широк јавен интерес поради што смета дека јавна расправа треба да биде организирана во согласност со Деловникот за работа на Собранието.

Целата анализа погледнете ја на нејзиниот Фејсбук профил.

Парламентарни избори 2020