четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 52
home Вести

Каракамишева: Режимот си го покажува лицето на дело – диктатори ставиле демократски маски

Каракамишева: Режимот си го покажува лицето на дело – диктатори ставиле демократски маски

Жестоки реакции во јавноста по прекумерната сила која вечерва ја употреби полицијата против демонстрантите пред Собранието, кои протестираа против Договорот со Грција за промена на името.

Полицијата со солзавец, шок-бомби и гумени куршуми ги растера протестирачите од пред Собранието.

Универзитетската професорка Тања Каракамишева вели дека режимот си го покажува лицето, додавајќи дека диктатори ставиле демократски маски.

-Ајдеее, режимот си го покажува лицето на дело! Диктатори ставиле демократски маски и мислат дека се им се може, напиша Каракмишева на Фејсбук.

Коронавирус