среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Каракамишева: Предлог законот за ЈО воопшто не е влезен во собраниска процедура за по него да се отвора јавна дискусија, ова е кршење на Деловникот

Каракамишева: Предлог законот за ЈО воопшто не е влезен во собраниска процедура за по него да се отвора јавна дискусија, ова е кршење на Деловникот

Професорката Тања Каракамишева во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека сите експерти од Правниот факултет ги кажале скоро истите забелешки за предлог законот за Јавно обвинителство и дека ниеден од нив не се согласил со предлог законот.

-Она што беше за мене најфрапантно е дека разговаравме на јавна дискусија за Закон кој не е поднесен во законодавна процедура, односно не е доставен до претседател на Собрание. Законот ни беше даден по меил каде што ни кажаа по овој закон ќе се расправа на јавната дискусија. Кога ги прашав лицата од секретаријатот на комисијата дали овој закон е поднесен до претседателот на Собранието, ми рекоа не знам, за потоа да дознаам дека тој закон воопшто не е влезен во собраниска процедура, истакна Каракамишева.

Таа рече дека предлог законот за Јавно обвинителство е текст, односно збир на желби на некого за да се дискутираме по него.

-Деловникот по не знам кој пат е прекршен, она што е интересно е дека во Деловникот јасно стои дека јавна дискусија може да има доколку законот е примен од претседателот на Собрание, потоа доколку е поминат на законодавно-правна комисија, која е и матично работно тело за овој закон, таа требаше да го гледа овој предлог закон и откако таа ќе даде позитивно светло, ќе оди на општа расправа, па таму ќе се одлучува дали ќе има јавна дискусија или не, посочи професорката.

Каракамишева изјави дека како експерти биле повикани на јавна расправа без да се изодат чекорите кои ги налага Деловникот.

Според неа, министерката Дескоска им рекла дека ќе се разгледуваат сите забелешки, за потоа да не дозволи работна група од професори кои што имале најмногу забелешки за законот, односно одбила формирање на работна група од професори кои што ќе работат на разгледување на предлог законот во која дел ќе бидат Тања Каракамишева и професорката Гордана Силјаноска Давкова. Дури и професорот Шкариќ изјавил дека законот од технички аспект не е добар.