петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 117
home Вести

Каракамишева: Повторно јавно го прашувам надлежниот обвинител во ОЈО до каде е со прибирањето докази за нелегалниот избор на Џафери

Каракамишева: Повторно јавно го прашувам надлежниот обвинител во ОЈО до каде е со прибирањето докази за нелегалниот избор на Џафери

(ФБ статус на универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска)

Бидејќи гледам веќе никој во државата не прашува, еве јас, во улога на ПОСЛЕДЕН МОХИКАНЕЦ, по ТРЕТ ПАТ јавно го прашувам надлежниот обвинител во ОЈО до каде е со прибирањето докази во покренатата предистражна постапка за нелегалниот избор на пратеникот (за мене се уште е само пратеник!) Талат Џафери за претседател на Собранието на РМ?

Уште ли му треба време на обвинителот да ги собере сите “релевантни докази” за конечно да постапи по кривичната пријава на Здружението за почитување на прописите од Битола, поднесена против Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Талат Џафери, Зоран Заев-Скијорот, Али Ахмети и уште 62 други пратеници?

Од приложената изјава на обвинителот дадена за весникот “Вечер” се гледа дека обвинителот бил прашан на 25 мај 2017 година до каде е со собирањето докази.

Еве денес е 16 јануари 2018 и уште нема никаков абер за работава.

Муабетот ми е да не случајно надлежниот обвинител и главниот Обвинител на РМ се возат во филмот дека се ова брзо ќе се заташка како ќе поминува времето и дека Македонците со својата кратка меморија брзо ќе си легнат на брашното и ќе заборават да ја бараат правдата и почитувањето на правото.

Не бе обвинители, не со тие куршуми, не само што нема да заборавиме, туку верувајте ќе ве прозиваме и ќе ве повикуваме на одговорност се додека дишеме.

Вакво национално предавство не може да се заборави така лесно како што мислите, исто како што нема да се заборави велепредавничката акција од вашите колеги и судии за брзопотезно притворање без никаков правен основ, без постоење на кривично дело тероризам на нашите Игор, Борис, Владо, Бетмен, Елена, Крсто, Митко и другите патриоти и уставобранители!

ПРАВДАТА ЌЕ ДОЈДЕ СО ВАС ИЛИ БЕЗ ВАС!

Коронавирус